Home / Uncategorized / СЈО го елиминира Талески од трката за градоначалник

СЈО го елиминира Талески од трката за градоначалник

Иако ВМРО ДПМНЕ сеуште размислува со кој кандидат за градоначалник да излези на престојните локални избори сепак едно е извесно. Актуелниот градоначалник на Битола, Владимир Талески речиси сигурно отпадна од конкуренција.

Иако тој имаше амбиции да се трка за четвртиот  мандат сепак во партијата сметаат дека тој нема шанси да се кандидира ако се знае дека наскоро тој како првообвинет треба заедно со неговата десна рака Слободна Бончановски и уште дваесетина директори на училишта и на автопревозни претпријатија  да седне на обвинителната клупа в ослучајот “Транспортер“

Според извори на Битолски весник Груевски е на мака кој да го кандидира за градоначалник. Како што стојат работите тоа ке се знае во минут до 12 и наместо партиската база да одлучува како што се очекуваше името на кандидатот за градоначалник на партиското членство само ке им биде соопштено и ке се бара членовите на партиајата ја пддржат неговата кандидатура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*