Home / Колумни / Транспарентност

Транспарентност

Во изминатите неколку години во голем број наврати сме биле сведоци како локалната власт се фалеше дека Битола е (нај)транспарентна општина.

Како и претходната власт, предводена од екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој не пропушташе прилика да  не се пофали со (не)транспарентноста на локалната власт, неодамна и актуелната градоначалничка Наташа Петровска излезе во јавноста со инфорамција  дека според некои испитувања Битола е една од најтранспарентните општини во Република Македонија.

Во ситуација кога најчесто не се знаат параметрите по кои Битола ги доби тие признанија за  (нај)транспарентна општина, јавноста не беше во можност да  ја оценува (не)транспарентноста на општинската администрација  и најчесто ги пренесуваше таквите оцеки, иако длабоко во себе  мислеше  дека таквата оценка е далеку од вистината.

Иако во претходниот период локалната власт и осоебно градоначалниот  Владимир Талески се чукаше в гради со наводната транспарентност, медиумите и битолската јавност од толку фалената транспарентност со години остануваа без одговори на некои прашања кои постојано ги поставуваа.

Така битолската јавност цели 12 години, колку што владееше Талески  не доби никогаш одговори на прашањата кои ги поставуваше за тоа колку пари се потрошени за организацијата на одредени (не)култрни манифестации, проекти, или прослави, инвестиции…

Кога новинарите ќе ги поставеа тие прашања најчестиот одговор кој го добиваа беше дека ќе добијат одговор(и) откако ќе завршат истите.

Во таква ситуација битолската јавност сите изминати години остана без одговор на прашањето колку пари Талески трошеше за организацијата на  битолското културно лето “ Бит фест”, колку за организацијата на дочекот на Нова година, колку за спортот,  за некои меѓународни проекти, репрезентации, дневници за патувања во земјата с транство…

Битолската јавност никогаш не дозна колку некои уметници кои настапуваа беа платени и кој колку пари заработваше од таквите проекти.

Одговорот кој постојано го добиваа беше дека истиот ќе го добијат дополнително,откако ќе се средат математиките.

Најчесто криејќи ги таквите издвојувања во ставката  други расходи општинската администрација и Талески, кој се однесуваше во стилот “Општината тоа сум јас “најчесто вешто ги прикриваше таквите издвојувања.

Дури отпосле, откако Талески си замина од власта, битолчани во неколку наврати можеа да видат и прочитаат колку пари тој плаќал за некои (не)културни проекти од кои Битола не виде никаков аир.

Иако е сеуште рано да се даваат квалфикации за сегашната (не)транспарентност  на Општината, сепак овој пат локалната власт и градоначалничката Наташа Петровска, кога станува збор за транспарентноста навистина себеси се промовираа во најдобро светло.

Имено Петровска  веднаш штом седна во градоначалничката фотелја ја извести јавноста за долговите на општината, кои изнесуваа над 13 милиони евра. Неколку месеци подоцна од страна на Петровска битолската јавност беше  информирана за трошењата на Талески за организирањето на неколку битолски културни  лета.

Дека градоначлничката Петровска е цврсто определена во целосат да го оправда признанието за транспарентноста на општината Битола таа покажа деновиве кога уште пред да заврши битолското културно лето “ Бит фест 2018 “ излезе во јавноста со детална информација за тоа кој колку организатор, или учесник во “ Бит фест”  ќе добие.

За разлика од Талески, кој таквите издвојувања ги криеше под ставката други расходи, Петровска без никакво заобиколување ја информира битолската јавност за издвојувањата на сите поддржани проекти поединечно.

Ваков начин на информирање на јавноста за прв пат се случува во Битола во изминатите години.

Во исто време градоначалничката Наташа Петровска деновиве  на брифинг со новинарите  до детали ја информира битолската јавност за сите долгови кои ги има кога станува збор за основните и средните училишта.

Деновиве биточлани за прв пат можеа да слушнат дека некои извршители од некои училишта наплатиле дури и по 200.000 евра за извршни трошоци.

Со тоа Петровска не само што им даде најдобар одговор на нејзините  дежурни критичари, зошто некои училишта деновиве останаа без струја, туку таа на најдобар начин ја прикажа состојбата во која се наоѓа не само битолското образование, туку и самата општина.

Таквиот начин на информирање на јавноста се чини е најдобра потврда дека градоначалничката на Битола, Наташа Петровска нема намера ништо да крие и дека за трошењето на народните пари народот секогаш ќе биде навремено информиран.

Таа со тоа покажа дека нема намера да ги крие арчењата на парите како нејзиниот претходник Талески  под ставката други расходи.

Паралено со неодамнешните информации, Петровска на брифингот со новинарите гласно изјави  дека нема намера ништо да крие и дека граѓаните на Битола, кои во голем број и ја дале довербата во секој момент ќе знаат не само во каква состојба е општинската каса, туку и како се трошат општинските пари.

Таквиот начин на  работење придонесе за прв пат по подолго време во општинската каса да има суфицит од 600.000 евра што е најдобра најава дека Општината Битола е на добар пат да ја надмине кризата и долговите кои ги наследи од претходната власт да ги расчисти.

Со такви определби и политики Битола ќе може да се фали со својата транспарентност, каква што граѓаните на Битола од секогаш посакувале и барале.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!