Home / Вести / Заев ги отфрла обвинувањата на Груевски

Заев ги отфрла обвинувањата на Груевски

Колку полесно Груевски го прифати поразот на локалните избори, толку подобро за Македонија. Ова го вели премиерот Зоран Заев, коментирајќи го последното интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за кое вели дека било многу хаотично. Заев ги отфрли обвинувањата од неговиот политички противник дека СДСМ вршеле притисоци, закани и поткупувале гласачи, а тоа го поткрепува со анкетите кои според него покажувале наклонетост на гласачите кон СДСМ уште пред да почне кампањата.

Груевски во интервјуто меѓу големиот број обвинувања упатени кон владејачката партија спомена и прислушување на 100-тина функционери на ВМРО-ДПМНЕ од страна на полицијата. Тој исто така се понуди целиот товар за случувањата во Собранието да падне на негов грб, за тие кои упаднаа да бидат амнестирани од одговорност.

Дека МВР прислушува луѓе од ВМРО-ДПМНЕ обвини и Оливер Андонов, но вели дека тоа е легално со наредба од судот преку Обвинителството. Обвинувањата за незаконско прислушување ги отфрли и Заев велејќи дека со падот на претходната власт, ставено е крај на нелегалното прислушување кое го практикуваше ВМРО-ДПМНЕ. Но тој верува дека Јавното обвинителство си ја врши работата и се следат луѓе екстремисти кои со себе носат оружје и се закана за безбедноста во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!